General
Кратка Биографија:
Рената Петревска Нечкоска, доц. д-р
По комплетирањето на двоен докторат во Бизнис Економија од Универзитетот Гент во Белгија со менторот проф. д-р Геерт Поелс и Менаџмент од Универзитетот Св. Климент Охридски Битола, Македонија со менторот проф. д-р Ѓорѓи Манчески таа е ангажирана како доцент на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола, Македонија и постдокторанд на Универзитот Гент во Белгија. Од 2015 година работи и како експерт за евалуација во Европската Комисија за програмите во Хоризонт 2020 и Хоризонт Европа. Пред преминот во академија, во текот на скоро една деценија таа го градеше своето банкарско искуство во интернационалната финансиска институција ПроКредит Банка со седиште во Франкфурт, Германија, претежно на позиции на среден менаџмент - како директор за човечки ресурси, директор на филијали, проектен координатор и т.н. Таа е алумни амбасадор на Универзитетот Гент од Белгија за Западен Балкан од 2015, раководител на истражувачкиот тим на Western Balkans Alumni Association од 2019, активен член на Советодавниот Панел на Елсевиер Холандија од 2015, алумна на PDIA Community of Practice Alumni на Универзитетот Харвард - Центарот за Меѓународен Развој од 2017, а за време на пандемијата таа беше проектен менаџер во феноменот EUvsVirus за академија и наука, и иницијатор и организатор на проектот за отворена иновација во науката и отворена соработка, наречен Експеримент за Дифузија на Академијата, со глобална мрежа на соработници од праксата и академијата, при што сите овие ангажмани се волонтерски, вклучително и позицијата на постдокторанд.
Нејзиното научно истражување е мултидисциплинарно, поставено на основите на менаџментот, бизнис информатиката и комплексноста. Најголемиот светски издавач Springer Nature ја издаде нејзината книга како инстанца на исклучителната докторска теза под насловот ‘Tactical management in complexity: managerial and informational aspects’ како начин да се градат мостови меѓу науката и практиката, на светско ниво, во најразлични домени на имплементација.
Нејзиниот профил на истражувач е во правец на поставување на патеки на необележани територии, и нејзината пасија се ко-сонувањето, ко-креацијата и ко-еволуцијата на човештвото, кон подобро.