Topic outline
- General
- Концепт на проектот
Концепт на проектот
Почеток на мултидисциплинарна проектна соработка „БИЗНИСОТ СО АКДЕМИЈАТА“
На 6 март 2023 година, Центарот за професионални обуки и кариерен развој на Економски факултет – Прилеп во соработка со I.T. компанијата iSource организираше семинар на тема: „Социјалните медиуми и бизнисот” - LinkedIn® бизнис можности.
Предавачи на семинарот беа Владимир Робевски - сопственик и менаџер на iSource, м-р Елена Петковска - раководител на маркетинг одделот и Елена Гагачева - маркетинг менаџер.
Студентите на Економскиот факултет –Прилеп имаа можност да слушнат повеќе за начинот на функционирање на I.T. компанијата iSource, посебно за маркетинг одделот, потоа како може да ги употребаат социјалните медиуми за бизнис цели, а посебно фокус се стави на употребата на бизнис платформата LinkedIn, како алатка во соработката со деловните партнери и потрошувачите.
Овој настан беше иницијален чекор во идната соработка на Економскиот факултет – Прилеп со оваа компанија, истиот ден беше потпишан Меморандум за соработка, што претставува основа за долгорочна соработка со компанијата iSource.
Имено, Центарот за професионални обуки и кариерен развој на Економски факултет – Прилеп со компанијата iSource, започнува мултидисциплинарна проектна соработка со наслов „БИЗНИСОТ СО АКДЕМИЈАТА“, каде клучни носители ќе бидат 75 студентите од различни години на Економски факултет – Прилеп, кои распределени во 15 тимови, ќе работат на развој на иновативна маркетинг стратегија.
Работните групи ќе бидат менторирани од професори од Факултетот, кои ќе им помогнат на студентите да го применат теоретското знаење во пракса и да се здобијат со применливи знаења, вештини и компетенции, преку примена на пристап за мултидисциплинарна проектна соработка на академијата и бизнисот “MultiCreation” развиен од наши професори.
Проектниот тим од Економски факултет – Прилеп го сочинуваат: проф. д-р Моника Ангелоска Дичовска – координатор, проф. д-р Рената Петревска Нечкоска - MultiCreation ментор, проф. д-р Снежана Обедниковска - ментор, проф. д-р Анета Ристеска Јанкулоска - ментор и доц. д-р Емилија Ѓорѓиоска – ментор.
Им се заблагодаруваме на компанијата iSource, на нашите професори и студенти, за идејата, желбата за соработка и заложбата за реализација на мултидисциплинарната проектна задача „БИЗНИСОТ СО АКДЕМИЈАТА“.
Посакуваме успех во зацртаните планови !
- Тек на работата
- ПР
- Репозиториум