General
Четврта мултидисциплинарна проектна соработка со наслов:
ОДРЖЛИВО НЕЃУБРЕ:
ОДРЖЛИВА ЧИСТОТА - SUSTAINABLY CLEAN ENVIRONMENT (OF GARBAGE) - MultiCreation Project
КООРДИНАТОР: доц. д-р Рената Петревска НечкоскаНОСИТЕЛИ: Економски факултет Прилеп, Технички факултет Битола и ОУ Елпида Караманди Битола, #МетиСиСоКласнето, Орифлеим & Wellness
А. Општа цел на работата на групите: Адресирање на проблем на општествената заедница и генерирање на решенија за проблемот со ѓубрето, во пошироки рамки, и трајно. Оспособување на сите вклучени страни (а особено студентите) за мултидисциплинарно анализирање и решавање на проблемите и градење на применливи знаења, вештини и компетенции (вклучувајќи и претприемништво и социјално претприемништво).
Б. Проектот се реализира со примена на пристап за мултидисциплинарна проектна соработка на академијата и бизнисот, невладиниот сектор и социјалното претприемништво: ‘MultiCreation approach’ од автори од Универзитетот Св. Климент Охридски Битола LINK
В. Одговорни во проектот:
Доц. д-р Рената Петревска-Нечкоска (Економски Факултет Прилеп) renata.petrevska@eccfp.edu.mk - координатор
Вонр. проф. д-р Даниела Колтовска Нечоска (Технички Факултет Битола) daniela.koltovska@uklo.edu.mk
Марија-Магдалена Петковска Микаровска (Медицинско Училиште Битола)
Вукица Божиновска (Орифлеим Македонија)
Антонија Божиновска (Wellness Орифлеим)
Татјана Дамчевска, Гордана Угриновска, Наташа Димовска, Џенет Тасковска, Билјана Митковска, Мери Наумовска, Игор Стојанов, Марија Попеска (ОУ Елпида Караманди Битола)
Радиоемисија Слушнете неее! на УКЛО ФМ Битола со Ноела Нечкоска, Соња Тантарова Груевска
Г. Директно вклучени студенти и ученици по предметите: Управување со промени, Деловно комуницирање, Интелигентни Транспортни Системи, одделенска и предметна настава во основно училиште, средно училиште - Англиски јазик
Поширок ранг на стехјкхолдери: студенти, професори, вработени во основни училишта, општини, родители, деца
Д. Период на соработка на конкретниот проект: 2021/22 година