Site announcements

Ластовичката Marija-Magdalena Petkovska Mikarovska и нејзиното јато

Ластовичката Marija-Magdalena Petkovska Mikarovska и нејзиното јато

by Admin Filip Taskovski -
Number of replies: 0
November 2019, Prilep Macedonia, Renata Petrevska Nechkoska

Денес на покана на професорката Renata PN бевме дел од еден незаборавен ден каде имавме гостувачко предавање за нашите акции кои ја одбележаа 2019та. Имавме посетеност од студентите и професорите и верувам дека никој не си замина со истото размислување и барем малку ги мотивиравме да направат едно soul searching и промени кои ги имаат замислено во и надвор од факултетот. Зборувавме за несебичното давање кон нашата планета како најмалку што можеме да сториме за истата, наследството што го оставаме на институциите во кои чекориме и како допираме до секој човечки живот околу нас, уништувањето на непотребната суета која многу често не уназадува, како и предизвиците кои не прават челични. Исто, негативните движења, луѓе и коментари од кои најмногу учиме како не треба и ги почитуваме како дел од нашиот животен пат.

Сите заедно се согласивме дека вистинскиот успех е процес. И треба трпеливо со многу работливост, истрајност и упорност да стигнеме таму кај што треба да сме.

Им благодарам на првоборците од тимот кои ми помогнаа да ја пренесеме приказната на поавтентичен начин. И жал ми е што не можев сите наши волонтери да ги земам.

Благодарам на Madison Ristevski која се вклучи да им го објасни цел процес на собирање средства на идните економисти за нивните следни акции.


https://www.facebook.com/mmpetkovska/posts/10157734908864776