Site announcements

Почитувани студенти, родители, бизнисмени, менаџери, професори, …

Почитувани студенти, родители, бизнисмени, менаџери, професори, …

by Филип Тасковски 06/17 -
Number of replies: 0
January 2019, Prilep Macedonia, Renata Petrevska Nechkoska

Имено, на 25 Декември 2018 се одржа финалниот настан од мултидисциплинарната проектна соработка на Економски факултет Прилеп и компанијата InterWorks Битола со наслов „Деловна анализа и иновативни стратегии и тактики за развој“ која, покрај мултидисциплининарност ја одликуваат и бројни специфики - студенти од различни студиски години, адресирање на неколку теми и проблеми на ИТ индустријата, оркестрирање на 4 предмети, 11 групи со 52 студенти, десетина конструкциони и елиминациони фази, диверзифицирана комисија од ментори - професори и претставници на компанијата низ текот на целиот семестар. Во финалната презентација продефилираа квалитетни тимови од млади интелектуалци доловувајќи на оригинален начин креативни идеи, вклопени во изработки на извештаи и презентации кои адресираа значајни менаџерски компоненти - стратегија, тактика, иновативност, планирање, управување со промени и деловно комуницирање во едно турбулентно и компетитивно локално и глобално бизнис окружување. Знаењата применети во пракса, низ процес на градење и унапредување на вештини за истражување, анализа, планирање, креативност, тимско работење, комуницирање, презентирање, решавање конфликти, комуникација во живо и на далечина, виртуелно, синхроно и асинхроно, користење на бројни ИКТ алатки вклучително и портал на системот за електронско учење, … водеа кон еден квалитетен синергиски ефект во кој првенствено студентите, а паралелно на тоа и компанијата и факултетот, добија неверојатно искуство, референца, идеи и знаења и неверојатна позитивна енергија.

Какво беше искуството за сите стејкхолдери - можете да прочитате и по медиумите (ќе ставиме линкови во коментари)!

Која беше желбата и интенцијата на професорките Monika Angeloska-Dichovska и Renata PN Да понудат што пореално окружување за развој за младите економисти, да изградат мост на соработка на академијата и бизнисот и да проектираат барем една идна истражувачка, консултантска и апликативна патека за идните економисти.
Само врвните компании ги отвораат вратите за соработка и нови идеи, и ги препознаваат можностите, и затоа сме неизмерно благодарни на Interworks и Jasmina Antic- Atanasovski & Aleksandar Pop Ristov за отворениот прозорец и професионално семејство - а Економскиот Факултет Прилеп со своите студенти и академски кадар е спремен да ги адресира.
Да го завршиме овој напис повторно во стилот на мулти т.е. многу: многу работа, многу флексибилност, многу мозочни бури, многу полемики па и полемики и натегања, многу визионерски и експериментаторски компоненти, многу чувства, но и многу напредок се случија овој семестар кај сите нас.

Благодарност до Silvija Nikoloska за фотографиите и Tianna Kostoska за логистиката! Благодариме до KanalVizija за телевизиското покривање на целиот проект.

Благодариме, и се гордееме со нашите вредни и паметни студенти на многу начини!

https://www.facebook.com/eccfp/posts/2559140510779846